вторник, април 18, 2006

Ми се роди внуче!


Денес е еден од најубавите денови во мојот живот..., ден исполнет со многу емоции. Невозможно е со зборови да се искаже она чувство кое ти трепери во душата и ти го обзема целото битие. Само посакувам секој жив човек на Земјава да ја доживее оваа блажена среќа и да ја сподели со другите. Тогаш ќе ја разберете смислата на своето постоење кога во своите раце ќе го земете тоа малечко суштество на кое вие сте му го подариле животот.
Храбри се оние кои што сакаат, а кукавиците чекаат да бидат сакани.
Бидете храбри! Подарете љубов...
на сите околу вас.

понеделник, април 03, 2006

Женски правила за мажите

  • Јави се.
  • Не лажи.
  • Никогаш не врзувај ги кои и да било делови од нејзиното тело заедно.
  • Ако вечерното излегување на момчињата се движи во насока дека ќе биде забавно, повикајте ги девојките.
  • Точниот одговор за „Дали изгледам дебело?“ никогаш не е „Да.“
  • Исто така и за „Дали е таа поубава од мене?“
  • Victoria's Secret е добро. Frederick's of Hollywood е лошо.
  • Нарачувањето за неа е добро. Да и’ кажуваш што таа сака е лошо.
  • Да се биде внимателен е добро. Скришното следење е лошо.
  • „Драга“, „Љубена“ и „Мила“ се добри. „Дрдорка“, „Дебелогазеста“ и „Кучка“ се лоши.
  • Разговарањето е добро. Викањето е лошо. Удирањето е престап.
  • Гровтањето е ретко прифатлив одговор на некое прашање.
  • Ниедна од твоите бивши девојки никогаш не била попријатна, поубава, или подобра во кревет.
  • Нејзиното готвење е одлично.
  • Тоа не е оправдување за тебе да го избегнуваш готвењето.
  • Средството за миење чинии е твојот пријател.
  • Капа не е еднакво на туш, балсам после бричење не е еднако на сапун, и топло не е еднакво на чисто.
  • Да ја почестиш вечера не е еднакво на предигра.
  • Одговарајќи на „Кој беше тоа на телефон?“ со „Никој“ никогаш нема да го заврши тој разговор.
  • Исто така и за „Чиј кармин е овој?“
  • Два збора: чисти чорапи.
  • Верувал или не, веројатно не си повеќе привлечен кога си целиот испотен.
  • Ждригањето не е секси.
  • Ти не си во право.
  • Како да не ти било жал?
  • Таа е најверојатно многу помалку импресионирана од тоа колку твојата кола била cool, отколку што тебе ти се чини.
  • Исто така и за твоите предавања за фудбалот.
  • Исто така и за твоите способности да скокнеш и да погодиш право во олукот со камче. Од прва.
  • „Дали ќе се омажиш за мене?“ е добро. „Ајде да се муваме“ е лошо.
  • Немој да претпоставуваш дека ПМС е причина за секое лошо расположение.
  • Не претпоставувај дека ПМС не постои.
  • Не значи Не. Да значи Да. Тишината може да значи било што, она што таа го чувствува во дадениот момент и може да се промени без претходно известување.
  • Никогаш не ја шетај било каде сама по 23 часот.
  • Кавалерството и феминизмот не се исклучуваат едно со друго.
  • Земи ја од аеродром. Немој да мрчиш, само стори го тоа.
  • Ако сакаш да раскинеш со неа, раскини. Немој да се однесуваш како комплетна будала додека таа тоа не го направи за тебе.
  • Немој да и’ велиш дека ја сакаш ако не ја сакаш.
  • Кажи и’ дека ја сакаш ако ја сакаш. Често.
  • Секогаш, секогаш вовлекувај и’ се на нејзиниот брат.
  • Размислувај за боксерки. Свилени боксерки.
  • Сети се на Денот на заљубените и на секоја друга годишнина која таа често ја спомнува.
  • Не се обидувај да го смениш нејзиниот стил на облекување.
  • Нејзината фризура никогаш не е лоша.
  • Не им дозволувај на твоите пријатели да се потсмеваат со неа.
  • Правилата никогаш не се фер. Прифати ги овие без поговор. Фактот дека таа минува низ породувањето додека ти седиш во чекалната и пушиш цигари, исто така не е фер, но тоа ги балансира работите.

Link: Women's Rules for Men.

сабота, март 18, 2006

Машки правила (кои жените треба да ги знаат)

  • Жени, научете како функционира седиштето на клозетската шолја. Вие сте големи девојки. Ако е горе, спуштете го долу. Нас ни треба горе, Вас ви треба долу. Ние никогаш не се жалиме дека сте го оставиле долу.
  • Родендените, Денот на заљубените и Годишнините не ги сфаќаме како поволна пригода во која ќе можеме да го пронајдеме совршениот подарок... повторно!
  • Понекогаш не мислиме на Вас. Прифатете го тоа!
  • Недела = спорт. Тоа е како полната месечина или како менувањето на годишните времиња. Нека биде така.
  • Не ја шишајте косата. Никогаш. Долгата коса е секогаш попривлечна од кратката. Една од најголемите причини од кои мажите се плашат да се оженат е таа дека омажените жени секогаш ги шишаат своите коси, а до тогаш веќе сме заглавиле со неа.
  • Барај го тоа што го сакаш. Фините сугестии не палат! Силните сугестии не палат! Очигледните сугестии не палат! Само кажи го!
  • Не ги паметиме датумите... Точка!!
  • Повеќето момчиња имаат три пара чевли - најмногу. Па што ве тера да мислите дека ние би можеле подобро да избереме кој пар, од триесет пара чевли, би изгледал најдобро со вашиот фустан?
  • Да и Не се сосема прифатливи одговори на речиси сите прашања.
  • Дојдете кај нас ако имате проблем само ако сакате да ви помогнеме да го решите. Ние го правиме тоа. За сожалување ги имате своите другарки.
  • Главоболката која трае 17 месеци е проблем. Одете на доктор.
  • Се’ што сме кажале пред 6 месеци е недопустливо да се искористи во расправа. Всушност, сите коментари стануваат неважечки и се поништуваат после 7 дена.
  • Ако не се облекувате како девојките од Victoria's Secret, не очекувајте од нас да се однесуваме како момчињата од сапунските серии.
  • Ако мислите дека сте дебели, тогаш сигуро сте. Не прашувајте не’ нас. Сме биле измамени претходно!!
  • Ако нешто што сме го кажале може да се толкува двосмислено, а еден од начините ве прави тажни или лути, ние го мислиме она другото.
  • Оставете не’ да зјапаме. Ние секако пак ќе погледнеме; тоа е генетско.
  • Можете или да не’ замолите да направиме нешто или кажете ни како сакате да биде направено. Не двете. Ако веќе знаете како најдобро да го направите нештото, направете го самите.
  • Секогаш кога е возможно, ве молиме кажете го тоа што имате да го кажете за време на рекламите.
  • На Кристофер Колумбо не му требаа упатства, па ниту нас ни требаат.
  • Нашата врска никогаш нема да биде иста како што беше во првите два месеца кога сме почнале да излегуваме. Прифатете го тоа. И престанете да им лелекате на вашите другарки.
  • Сите мажи гледаат само 16 бои, како компјутерски зададената опција на Windows (Windows default settings). Праската, на пример, е овошје. Тиквата исто така е овошје. Немаме поим што е тоа бежова боја.
  • Ако ме чеша, ќе биде почешано. Ние го правиме тоа.
  • Ние не сме „читатели на мисли“ и никогаш нема да бидеме. Нашиот недостаток за вештината на читањето на мислите не е доказ за тоа колку малку ни е гајле за вас.
  • Ако ве прашаме што не е во ред и вие речите „ништо“ ние ќе се однесуваме како ништо да не било. Знаеме дека не’ лажете, ама не е доволно вредно за да се расправаме за тоа.
  • Ако поставите прашање на кое не сакате да добиете одговор, очекувајте одговор каков што не сакате да слушнете.
  • Не прашувајте не’ на што мислиме освен ако не сте подготвени да дискутирате на теми како што се влакната околу папокот, пукање со сачмарка или monster truck егзибиции.
  • Странските филмови е најдобро да се остават на странците. (Освен ако не е Брус Ли или некој друг филм со боречки вештини каде всушност и не е важно што тие кажуваат во секој случај.)
  • Пивото е возбудливо за нас како што се ташните за вас.
  • Ти благодарам што го прочита ова... Да, знам дека ќе морам да спијам на каучот вечерва, но дали знаеш дека е како кампување?

Link: Men's Rules (that women should know).

петок, февруари 17, 2006

BMW

Зошто и јас немав вакво кога бев мала? Додуша, се имам возено во слично како мала, ама тоа беше со само еден horse power - мојот!



Абе BMW си е BMW !

петок, октомври 07, 2005

Carpe Noctem

петок, август 05, 2005

Како жените се снаоѓаат со информатиката?!

Денес жените имаат сериозен проблем со компјутерите. Не зборувам само за „плавушите“ кои ги бришат своите грешки на мониторот со коректор или кои оставаат стапалки на мониторот трудејќи се малку да „прошетаат“ низ интернет, туку СИТЕ жени. Некако информатиката нам ни изгледа премногу комплицирана. Ни ги замара непотребно нашите вијуги во мозокот, кои инаку се две на број (едната за шминка и облека, а другата за озборување), а ние имаме толку многу поважни работи за кои се грижиме. Затоа таа супериорна и комплексна работа со драго срце им ја препуштаме на мажите (па нели тие треба да бидат посилниот пол?!), бидејќи многу тешко можеме да се здобиеме со титулата ПРОГРАМЕР (машки род).

Сепак има жени кои храбро се борат за свое место во информатичките води и кои се делат во неколку категории:

  • ЖЕНА INTERNET - Тешко достапна жена.
  • ЖЕНА SERVER - Постојано зафатена кога ти е потребна.
  • ЖЕНА WINDOWS - Сите знаат дека таа не функционира, ама никој не може да живее без неа!
  • ЖЕНА DOS - Сите ја користеле, барем еднаш во животот, ама никој повеќе не ја сака!
  • ЖЕНА BACKUP - Верувате дека го поседувате сето она што може да ви затреба, ама во круцијален момент сфаќате дека нешто недостасува.
  • ЖЕНА SCANDISK - Знаеме дека е добра и дека навистина сака да ни помогне, ама никој не знае што таа навистина работи.
  • ЖЕНА SCREENSAVER - Не служи за ништо, ама барем е забавна!
  • ЖЕНА HARD DISK - Се сеќава на се'. Засекогаш!
  • ЖЕНА MOUSE - Работи само ако ја тепаш и малтретираш.
  • ЖЕНА MULTIMEDIA - Прави се да изгледа многу убаво.
  • ЖЕНА PASSWORD - Мислиш дека си единствениот кој ја познава, ама всушност ја познава половина свет!
  • ЖЕНА MP3 - Сите сакаат да ја скинат!
  • ЖЕНА CPU - Однадвор изгледа како да има се', ама внатре е празна.
  • ЖЕНА MONITOR - Со неа животот го гледаш со блескави бои.
  • ЖЕНА CD-ROM - Секој ден е се' побрза.
  • ЖЕНА DATA WAREHOUSING - Ти овозможува да пратиш се', освен она што навистина те интересира.
  • ЖЕНА E-MAIL - Од десет работи кои ти ги кажува, осум се потполна глупост!
  • ЖЕНА VIRUS - Позната е и под името сопруга; Кога најмалку очекуваш, таа се појавува, се инсталира и ги присвојува сите ресурси. Ако пробаш да ја деинсталираш - губиш нешто, ако не пробаш - губиш се'.

недела, јуни 19, 2005

Само еден пат

КРСТОПАТ

Човеку,
зошто солза
го поматува твојот поглед?

Зарем се уплаши
од една мала крвава рана?

Храбро изрини го ножот
од своите гради!

Низ животот без лузни не се минува,
зошто само тие остануваат
како вечен доказ
на твоето постоење.

Ајде веќе еднаш
твојот болен врисок замени го
со весел насмев!

Во животот се паметат
само убавите спомени,
зошто сите остануваат глуви
пред туѓите офкања.

Исправи се гордо и тргни
кон таинствената иднина
на својот сон!

Животот без сништа не е вреден
да се живее,
зошто без нив, за другите,
веќе одамна си мртов.

Дали добро ги разбра моите зборови?!

Судбината сега е во твоите раце!

Пред тебе се раѓа
овој крстопат
од кој нема излез.

Постојат само два пата:
- оној што си го изодел и
- оној што треба понатаму да се чекори!

Патот зад тебе
е еднаков на смрт,
а тој пред тебе
ветува живот.

Кажи ми,
го одбра ли својот пат?!

Или засекогаш
ќе останеш на овој мрачен КРСТОПАТ?